Премногу сте педантни или работите ви се расфрлани: Што кажува содржината на вашиот ШКАФ за вашата ЛИЧНОСТ

15 јануари, 20220
orman-2048x1365

Во која група припаѓате вие?

Експертите откриваат дека неуредниот плакар може да каже многу за тоа какви сте како личност.

Покрај тоа што не можете да најдете ништо, работите расфрлани низ плакарот во одреден момент можат да ве изнервираат, а исто така ќе влијаат на тоа колку време ќе потрошите за да го пронајдете она што сакате да го облечете.

Ако вашиот плакар е неуреден и никако да го средите, можеби се браните дека сте преплавени со обврски и не пристигнувате, други мислат дека сте мрзеливи, а психолозите дека ве мачи носталгија за минатото.

Интересна студија на оваа тема беше спроведена од група британски психолози кои дојдоа до заклучок дека неуредните работи во плакарот често се резултат на ментални блокади, како и дека се показател за ментална рамнотежа или нерамнотежа.

Заклучиле дека неуредниот гардеробер со многу облека што не сте ја носеле со години покажува потсвесна желба да не го изгубите чувството што ве асоцира на подобри денови, кога можеби сте биле поубави и послаби.

Психолозите советуваат тоа што знаете дека повеќе нема да го носите, дајте им го на другите. Само така ќе се ослободите од потсвесната желба за минатите времиња кога сте биле млади.

Покрај тоа, содржината на вашиот плакар може да открие некои други ваши карактеристики. Како што вели народната поговорка „Неред во куќата, хаос во душата“, може значително да се однесува на внатрешноста на вашиот плакар. Би било оптимално доколку работите се наредени по редослед што ќе ви овозможи да ја пронајдете омилената облека што е можно полесно и побрзо.

Ако чорапите се помешаат со долната облека, фустаните, веројатно ќе изгубите многу време на бескрајно превртување и претурање на куп работи. И, се разбира, тоа ќе доведе до одложување на обврските и доцнење.

Некогаш може да се забележи дека луѓето кои имале родители кои инсистирале на ред, имаат неуредни плакари. Тоа се луѓе кои можеби никогаш не успеале да развијат способност за организирање, или нередот во плакарот и одложувањето на обврските е своевидно противење на родителите.

Од друга страна, претерано и прецизно сложените работи можат да укажуваат на опсесивна слика за личноста. Тие можат да поминуваат часови средувајќи го својот плакар бидејќи на тој начин ја намалуваат анксиозноста и стресот.

Секако, и квалитетот и видот на предметите содржани во нашите плакари кажуваат нешто за нас. Скапата и брендирана гардероба сама по себе не е лоша. Дури е многу убава, квалитетна и удобна.

Но, ако немаме доволно пари за основните животни потреби, а имаме скапа облека, можеби сакаме на другите да им покажеме поинаква слика за себе и на тој начин да го маскираме нашиот идентитет. Ова не е добро решение затоа што тогаш губиме многу време и труд на одржување на нереална слика за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *