
На брзото стареење на кожата може многу да влијаат грешките кои понекогаш несвесно ги правиме
Не постои девојка која не посветува најмногу внимание на кожата на лицето.
Толку многу креми, серуми, тоници, маски служат за да ја одржиме нашата кожа мазна и еластична што е можно подолго. Меѓутоа, ако правите некоја од овие грешки, сите ваши напори може да бидат залудни. Овие грешки можат да предизвикаат предвремено стареење на кожата.
- Спиете со шминка
Ако сè почесто си легнувате со шминка на лицето, му нанесувате огромна штета. Оваа навика може да доведе до појава на акни, иритација на кожата, но и да го забрза процесот на стареење. Слоевите на шминка на лицето можат да ги блокираат биолошките процеси со кои кожата закрепнува во текот на ноќта. Последиците можат да бидат сив и безживотен тен, груба кожа без сјај и уморен изглед.
- Заборавате да нанесете крема на вратот
Многу жени речиси секогаш прескокнуваат да нанесат крем или серум на овој дел. Но, не заборавајте дека и тој старее како лицето и дека е многу изложен на сонце. При нанесување на препаратот за кожа на лицето, не заборавајте на вратот. Ќе ви бидат потребни само неколку секунди, а може значително да го забавите процесот на стареење.
- Не нанесувате заштитен фактор
Заштитата од сонце, не само кога се сончаме, е исклучително важна. УВ зраците генерално не се сојузници на здравјето на вашата кожа, но можат да ја оштетат. Погрижете се да нанесете минимален фактор од 30 на лицето, вратот и деколтето пред да излезете на сонце.Користете капи, шешири и очила за сонце.
- Исхрана
Подеднакво важна како и негата на кожата однадвор е негата на кожата одвнатре. На кожата ѝ се потребни хранливи материи бидејќи е најголемиот орган во човечкото тело. Треба да ѝобезбедите витамини, особено А, Е, Ц, омега 3 масни киселини и други корисни материи.Витаминот А помага за обновување на клетките на кожата, додека витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од ефектите на слободните радикали. Вклучете повеќе овошје и зеленчук во вашето дневно мени, но и риба и јаткасти плодови.
- Недоволна хидратација
Изгледот и квалитетот на кожата зависи и од количината на вода што ја пиеме. Се препорачува да се пие од 1,5 до 2 литри вода дневно. Кога не внесуваме доволно вода, нашиот тен изгледа побеживотно, а дополнително се повидливи брчките и неправилностите на кожата.