ЗОШТО ДЕЦАТА НА ХАРИ И ВИЛИЈАМ ГО НЕМААТ ИСТОТО ПРЕЗИМЕ: Кралицата таа одлука ја донела долго пред нивното раѓање

27 јуни, 20220
Princ-William-i-princ-Harry

За разлика од повеќето браќа и сестри во Обединетото Кралство, децата на принцот Вилијам и принцот Хари не го делат истото презиме.

Имено, децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам – принцот Џорџ, осум, принцезата Шарлот, седум и принцот Луис, четири, го носат презимето Кембриџ, кое го добиле по титулата на нивниот татко, војвода од Кембриџ.

Така, принцот Џорџ бил запишан во училиштето како Џорџ Кембриџ, исто како и сестрата на принцезата Шарлот Кембриџ, додека принцот Луис во градинката бил познат како Луис Кембриџ.

Од друга страна, кога Арчи, син на Меган Маркл и принцот Хари, се роди во 2019 година, Бакингемската палата објави дека тој не ја носи кралската титула и ќе биде познат како Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, во чест на неговите прабаба и дедо. Истото презиме го има и неговата помлада сестра Лилибет Дијана.

 Princ William i Kate Middleton imaju troje djece

Одговорот на прашањето од каде го добиле презимето Маунтбатен-Виндзор е во изјавата на кралицата во Тајниот совет во 1960 година. Имено, таа тогаш утврдила дека потомците на монархот од машка линија кои немаат кралски титули ќе го носат името Маунтбатен-Виндзор. Со оглед на тоа дека Хари остана без сите титули кога го напушти кралското семејство, логично е неговите деца да го носат тоа презиме.

Вилијам и Хари пораснале со презимето Велс, бидејќи официјалната титула на нивниот татко Чарлс е Принц од Велс. Ова презиме го користеле принцовите на училиште, универзитет и во армијата каде Вилијам бил познат како поручник Велс, додека Хари го држел чинот капетан Велс.

Следејќи го истиот принцип, принцезите Евгениј и Беатрис го користат презимето Јорк, по нивниот принц Ендру, војводата од Јорк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *