Најубавите викиншки бродови кои лесно се движеле и низ бесните морски бранови на северот

27 јуни, 20220
62321364

Еден од најпопуларните норвешки музеи е Викиншкиот бродски музеј во Норвешка. Периодот кога Викинзите шетале низ Европа траел од 8 до 11 век и е познат како доба на Викинзите. Во нивните освојувања се движеле низ реки и мориња, па логично е добро да ги запознаеме преку нивните чамци.

И денес, историчарите се восхитуваат на нивната уметност на бродоградба, а најубавите постигнувања се трите најпознати бродови: Осеберг, Туне и Гокштад. Изработени се од дабово и борово дрво и полни со внимателно врежани детали и орнаменти.

Тие биле брзи бродови кои лесно можеа да пловат низ бистрите води и низ бесните морски бранови. На нив имало место за 30 луѓе, а нивните јарболи достигнувале и до 13 метри. За да ги обноват им требале повеќе од 10 години.

Сите три брода се изложени во музејот, а просторијата во која се наоѓа Осеберг содржи дури и остатоци од телата на две жени, облека и прибор за домаќинство од ерата на Викинзите. Пронајдените посмртни останки сугерираат дека можеби станува збор за жени кои уживале во животот на висока нога, но и денес не се знае зошто умреле, а некои претпоставуваат дека едната била жртвувана за да ја „придружува“ другата до гробот.

Како што растеше интересот за оваа тема и бројот на туристи, Норвежаните решија после 95 години да го затворат Музејот на бродови на Викинзи до 2025 година за да го прошират и реновираат, а по отворањето ќе биде музеј посветен не само на бродовите, туку и на овој фасцинантен период од европската историја.

Додека го очекуваме отворањето на познатиот музеј, на патниците во Норвешка им предлагаме да го посетат Историскиот музеј во Осло, Викиншкиот центар во Хортен или Нордфјордејд, Викиншкиот музеј во Лофотен или Викиншкото село во Гудванген.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi