Престојува во луксузна вила, а се „жали“ дека не може да ја надомести штетата – Погледнете на какво место живее Амбер Херд!

popara7 јуни, 20221min00
tan2022-5-42150231820-830x0

Актерката престојува во луксузна вила на 1.200 квадратни метри, со дворна површина од еден хектар.

По судењето, како што многумина го нарекуваат, „судење на деценијата“, меѓу актерот Џони Деп и актерката Амбер Херд, таа и се пожали на јавноста за  одлуката на судот и изјави дека нема пари да плати мултимилионска отштета.

Имено, поротата конечно одлучи во корист на Деп, додека од друга страна прифати една точка од контратужбата што Амбер ја покрена против славниот актер.

По одлуката на поротата, судот ги одреди трошоците на Деп и Херд. Според нивната пресуда, познатиот актер на поранешната сопруга и должи два милиони долари, додека таа треба да му плати отштета од 15 милиони. Меѓутоа, кога нивниот конечен долг ќе биде повторно пресметан според пресудата на судот во Вирџинија, Амбер треба да му исплати 8,35 милиони долари на Џони.

Веднаш по пресудата, актерката објави дека е разочарана, а подоцна објасни дека не може да го плати овој надомест.

Меѓутоа, додека Амбер тврди дека не може да си дозволи толку пари, се појавија детали за нејзиниот престој во Вирџинија.

Имено, актерката престојува во луксузна вила која се простира на 1.200 метри квадратни, со дворна површина од еден хектар.

Во рамките на овој комплекс, Херд има приватни тениски игралишта, кино, спа и осум спални соби.

amber-hard-vila-4-830x0
amber-hard-vila-1-830x0
amber-hard-vila-2-830x0

Престојот во овој луксуз чини 22.500 долари месечно!

Актерката со семејството престојува во предградијата на Вашингтон.

Адвокатот на Амбер Херд, Елејн Бредхофт, неодамна изјави дека актерката „апсолутно не може да си дозволи да му плати отштета на Деп“ и ќе поднесе жалба на оваа пресуда.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag