Природен ЛЕК од 6 состојки: Направете сами ПАСТИЛИ од кои БОЛКАТА ВО ГРЛОТО ИСЧЕЗНУВА

26 јули, 20220
18918_shutterstock-678445948_f

Веројатно секој од нас во одреден момент посегнал по домашните препарати како чаеви, разни пијалоци, тоници, пасти и слично, за да се чувствува барем малку полесно.

Важно е да се напомене дека во одредени ситуации домашните лекови нема да бидат доволни и дека е потребно навреме да се препознае кога настинката или благиот вирус се претвора во нешто посериозно и соодветно да се побара лекарска помош.

Исто така, доколку веќе земате одредена терапија, од здравствени причини, не експериментирајте сами со разни билни препарати и додатоци без претходно да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.

Доколку чувствувате мала непријатност во грлото, можете да се обидете да ја отстраните со пастили кои можете сами да ги направите од само неколку состојки кои веќе ги имате дома.

Состојки:

1 лажица чај од нане (или една кесичка чај)

1 лажица/кесичка чај од камилица

½ лажичка цимет

½ лажичка ѓумбир

¾ чаша врела вода

¾ чаша мед

Подготовка:

Намокрете ги кесичките чај, циметот и ѓумбирот во врела вода 10 минути или повеќе. Процедете и истурете во помал сад. Додадете мед. Загрејте на умерен оган додека смесата не почне да врие. Гответе на оган 15-20 минути со постојано мешање, но внимавајте бидејќи смесата лесно гори. Оставете ја смесата да се излади 5-10 минути, додека не почнете да добивате сируп. Во овој момент можете да додадете неколку капки лековити/антибактериски етерични масла. Нанесете капки од сирупот на хартија за печење со лажица и изладете.

На пастилите можете да посипете малку пченкарен скроб или компиров скроб за да не се залепат. Чувајте во херметички затворен сад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi