
Често се вели дека денес живееме многу „брзо“, што предизвикува бројни последици. Во такви околности, стресот е неизбежен. Тој е одговорен за многу здравствени проблеми во вашето тело, како и за постојаното сало на стомакот.
Што се случува со телото кога ќе се расправате со некого или ога ќе се налутите?
Во моментот кога се појавува стресот, надбубрежните жлезди почнуваат да го лачат стероидниот хормон – кортизол. Се разбира, тоа носи придобивки за нашето здравје. Но, од друга страна, доколку го има премногу на подолг временски период, предизвикува бројни проблеми во нашиот организам. Поради овие причини, многу е важно нивото на овој хормон да се држи под контрола на природен начин.
– „Нивото на кортизол е генерално повисоко наутро, а потоа неговото ниво се намалува во текот на денот. Тој игра улога во регулирање на шеќерот во крвта, управување со начинот на кој телото ги користи јаглехидратите, мастите и протеините, го намалува воспалението, го регулира циклусот на спиење, го контролира крвниот притисок, но и функцијата на централниот нервен систем“ – вели д-р Тијана Дангубиќ, ендокринолог.
И нагласува дека лачењето на кортизол е корисно во ситуации кога организмот е во некаква „опасност“. Потоа доведува до ослободување на гликоза, која обезбедува брза енергија, како и до зголемување на притисокот, што го подобрува протокот на крв во мускулите.
Проблемот е што при секој тип на стрес се лачи зголемено количество на кортизол, кој потоа има негативни ефекти, особено ако трае долго. Затоа често се нарекува хормон на стрес.
– „Потоа доаѓа до зголемено ниво на шеќер во крвта, но и инсулин, кој се обидува да го надомести со создавање на поголемо количество масно ткиво, а со тоа и дебелината, која е основа за хронично воспаление на целиот организам и појава на многу болести“ – вели д-р Дангубиќ.
Симптоми на зголемена секреција на кортизол се:
зголемување на телесната тежина на стомакот и горниот дел од грбот,
висок крвен притисок,
појава на остеопороза,
мускулна слабост,
акни,
стрии на телото,
хроничен замор,
главоболки,
нервоза,
зголемена жед,
почесто мокрење,
промени во расположението,
намален сексуален нагон.