Тајлет Врајт проговори за наводната агресија на актерот и одвратните зборови кои и ги упатил на поранешната сопруга
Последните недели во центарот на вниманието е судењето на холивудскиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, а последен меѓу сведоците кој со своите изјави предизвика вистинска бура е поранешниот пријател на Деп, Тајлет Врајт.
Имено, Врајт пред судот раскажал за наводниот разговор што го имал со Деп по венчавката со Амбер, пренесува „Mirror“.
„Ние сме во брак и сега можам да ја удрам со тупаница во глава и никој ништо да не ми може“, ја цитира Врајт изјавата на Џони Деп.
Врајт тогаш изјави дека Деп бил убава и љубезна личност кога е трезен, но дека во пијана или дрогирана состојба знаел да се претвори во многу сурова и мизогина личност.
Тој исто така додаде дека актерот му признал дека имал проблеми во минатите врски со Кејт Мос и Винона Рајдер поради злоупотреба на супстанции.
-Таа не е талентирана и кога ќе почнат да и се спуштаат цицките и да и се збрчка лицето, никој нема да се интересира за неа – рекол Врајт, цитирајќи ги наводните зборови на Деп, а потоа рекол дека Џони наводно бил убеден дека Амбер го изневерува со сите мажи и жени со кои доаѓа во контакт.