Пролетен ШИК: Најмодерниот аутфит во моментов е комбинација на ЗЕЛЕНИ парчиња со овие бои!

25 март, 20220
zeleno-komplet-sesir

Зелената е дефинитивно најдобрата пролетна боја.

Различните нијанси прават зелените модели да одговараат на апсолутно сите и се погодни за секоја пригода.

Светски познатите стилисти препорачуваат оваа пролет и лето да го избереме зеленото. Врз основа на сопствениот стил, секој може да си најде одредено парче, во согласност со тоа што најмногу сака да носи.

Има толку многу модерни нијанси на зелено што едноставно е невозможно да го пропуштите вистинското парче за себе.

Бидејќи зелената е смирувачка, не би било лошо да ја комбинирате со светла боја, па двете парчиња облека да дојдат до израз.

Бело и зелено

Свеж и стилски изглед, погоден за секојдневна прошетка, работен ден, но и посериозни прилики.

Розова и зелена

Две целосно пролетни нијанси кои се вклопуваат речиси совршено. И двете потсетуваат на март и на повторното будење на природата.

Идеална комбинација за сите кои сакаат да привлекуваат внимание со својот стил.

Жолта и зелена

Сонце и зеленило – она ​​што најмногу го сакаме кај пролетта, комбинирани во еден стајлинг.

Доколку жолтата не е ваша боја, односно не ви се допаѓа или мислите дека не ви одговара, изберете жолт детал, како наочари, чанти или накит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi