
Овој здрав рецепт за палачинки од банани е многу едноставен, бара многу малку состојки, а во исто време воодушевува со својот вкус.
Состојки:
1 банана,
2 јајца,
цимет
Подготовка:
Бананата убаво изгмечете ја со вилушка и додајте две претходно изматени јајца. Зачинете со прстофат цимет и пржете во тава со малку масло како обичните палачинки.
Добиената смеса ќе биде густа, па палачинките ќе бидат погусти и помали, како класичните американски палачинки.