„ПУКА“ ОД ЉУБОВ! Џеј Ло и Бен споделија ПРАЗНИЧНО видео кое ќе ви го стопли СРЦЕТО! (ВИДЕО)

22 ноември, 20220
Screenshot_1

„До следниот прстен“, „Бен трепни двапати ако си киднапиран“, „Ако се разведете ќе престанеме да веруваме во љубов“ – се само дел од коментарите што се најдоа под првото заедничко видео на Џеј Ло и Бен Афлек, објавено на ТикТок, на кое таа кажува дека тој ја прави најсреќна на светот.

 

 

 

Џенифер Лопез (53) и Бен Афлек (50) се посреќни од кога било и сакаат целиот свет да знае за тоа, па така на својот ТикТок профил пејачката сподели видео на кое му седи во скут на својот сопруг и се прегрнуваат.

 

Двајцата се заедно во приватен авион, се смеат, а во видеото се слуша детски глас кој вели:

 

„Дечки успеав, ја најдов личноста што ме прави најсреќна на цел свет“.

 

Видеото досега има над 5, 6 милиони прегледувања, а голем број од нивните обожаватели оставаат позитивни коментари.

 

„Таа отсекогаш била вистинската жена за него“, „Понекогаш е потребно да созрееш за некои врски, тие изгледаат прекрасно заедно“, „Вака сакам да изгледам кога ќе имам 53 години“, „Ова е вистинска љубов“, „Заради нив сè уште верувам во љубов“, „Ако сакаш некого, ослободи го. Ако ти се врати тоа значи дека е твое, ако не се врати, никогаш не било твое“ – стои во дел од коментарите.

 

Од друга страна има и такви што не веруваат дека парот навистина е заедно заради љубов, па оставаат коментари од типот:

 

„До следниот прстен“, „Бен трепни двапати ако си киднапиран“, „Зошто Бен е постојано нервозен?“, „Бен ако ти треба помош облечи се во црно во следното видео“, „Кога ќе се разведат ќе престанете да верувате во љубов“.

 

Неодамна Џеј Ло даде подолго интервју во кое говореше за нејзиниот однос и брак со Бен Афлек, па рече дека нивната врска воопшто не е традиционална, дека тие се модерен пар, но сепак е горда затоа што го земала презимето на сопругот и дека се чувствува моќно заради тоа.

 

„Луѓето сè уште ме викаат Џенифер Лопез, но моето легално име е госпоѓа Афлек затоа што ние сме заедно. Ние сме сопруг и сопруга и горда сум заради тоа“ – рече Џеј Ло.

 

За потсетување, Џеј Ло и Бен Афлек прво се венчаа во тајност во Лас Вегас во август годинава, по што направија луксузна свадба на неговиот имот во Џорџија.

 

@jlo

🍁🦃♥️

♬ original sound – martha.read

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi