Пука СТРАСТ среде плажа: Познатата двојка СЕ ЗАНЕСЕ во размена на нежности, луѓето гледаа зачудено (ФОТО)

popara12 март, 20221min00
Travis-i-Kortni

Како двајца тинејџери

Старлетата Кортни Кардашијан и нејзиниот вереник Тревис Баркер не се одвојуваат еден од друг.

Редовно ја откриваат својата интимност на социјалните мрежи и нагласуваат колку се сакаат, а сега отидоа и чекор понатаму.

Имено, тие двајца биле на една плажа, а страстите им биле толку разбранети што заборавиле дека се на јавно место.

Се бакнувале, прегрнувале и разменувале нежности, а во еден момент почнале да се тркалаат по песокот.

Игнорирајќи ги погледите на луѓето околу нив, тие продолжиле да се смеат, а во еден момент Тревис се обидел да и ги соблече панталоните на Кардашијанката.

После тоа влегле во морето да се разладат оставајќи ги сите присутни во чудо.