
Актерот Џона Хил моментално ужива на Хаваите со својата девојка Сара Брејди, каде ги снимија тамошните папараци.
Познатиот актер изгледа се опуштил на одморот во секоја смисла, со оглед на тоа што на најновите фотографии не изгледа нималку репрезентативно. Згора на тоа, тешко е да се препознае бидејќи има разбушавена изветвена коса и несредена брада, а бидејќи е фатен на плажа, можеме да ги видиме и неговите бројни тетоважи.

Сепак, се чини дека неговото запуштено издание не и пречи на неговата згодна девојка која е сурферка бидејќи не престанала да го допира на плажата и да го удира по задникот.
Џона Хил и неговата сегашна девојка Сара Брејди првпат се појавија во јавноста на премиерата на филмот „Don’t Look Up“, кој е во трка за Оскар и е номиниран во неколку категории, меѓу кои и најважната – за најдобар филм.

Во филмот Џона го игра синот на американската претседателка, која ја игра Мерил Стрип, а главните улоги ги толкуваат Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс.
Инаку, Хил уште од почетокот на кариерата привлекува внимание со својот физички изглед, а поради улогите често слабее и се дебелее.