Разликата од 17 години стана јасно видлива: Амал на 44 годишна возраст изгледа како девојче, а Џорџ почна да изгледа како да ѝ е татко

6 август, 20220
288241_profimedia0709466876_ls-760x490

Џорџ Клуни долго време владее на листите за најпосакувани мажи во Холивуд. Уште во помладите денови, седата коса му даваше посебен шарм, а по него лудуваа и неговите обожавателки, но и колешките, особено затоа што долго време зборувал дека нема намера да се жени и се чинеше дека неговото срце било непробојна тврдина.

Меѓутоа, тоа се променило кога ја запознал жената на својот живот, 17 години помладата адвокатка Амал Аламудин. Двојката за прв пат се запознала во 2013 година во куќата на Џорџ, на езерото Комо во Италија, каде Амал ја донел заеднички пријател, а непробојниот заводник брзо се вљубил.

На првиот состанок излегле во октомври истата година, а веќе во април следната година Џорџ клекна на колена пред убавата адвокатка и ја запроси. Во септември 2014 година, двојката се венчаше токму на езерото Комо и потоа добија две деца, близначките Александар и Ела, кои ги држат подалеку од очите на јавноста.

Иако, Џорџ не крие дека е многу среќен во љубовта, се гледа дека годините го стигнуваат, а нема сомнеж дека дополнително го изморило и татковството во 50-тите.

Се почести се коментарите дека впечатливиот актер остарел, а разликата од 17 години меѓу него и сопругата е се повидлива.

Двојката деновиве беше фотографирана на романтичен состанок и додека Амал изгледа помлада од нејзините 44 години, Џорџ покажува дека зачекорил во седмата деценија од својот живот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi