Рај меѓу карпите: Прошетка низ кањонот што води до една од најубавите плажи на Медитеранот

popara15 јуни, 20221min00
62324013

Недопрената природа ја краси импресивен кањон чии карпи се протегаат низ дури 3.300 метри, а можат да бидат високи и до 200 метри.

Дали го знаете тоа чувство кога конечно ќе отидете на некоја дестинација која сите ја фалат, ја фотографираат и обожаваат и која изгледа божествено на сликите – само за да наидете на нејзината сенка? Па, тоа нема да ви се случи со „Torrent de Pareis“. Значи, карти, костим за капење, ранци во рака и ајде да одиме.

Прекрасна пешачка патека која води низ кањонот до плажата се наоѓа на север од најголемиот шпански остров Мајорка. Недопрената природа ја краси импресивен кањон чии карпи се протегаат низ дури 3.300 метри, а можат да бидат високи и до 200 метри.

62324008
62324009
62324010
62324011
62324014
62324015
62324016
62324012

Патеката завршува со една од најпознатите плажи на овој дел на Мајорка, област чии разновидни видови птици уживаат посебна заштита. Иако денес оваа плажа е сон на секој патник и љубител на морето, до неодамна таа беше симбол за опасност. Имено, целата област не била развиена бидејќи луѓето овде се плашеле од пиратски напади, па се држеле на безбедно растојание.

Ова прекрасно чудо на природата денес заслужено ја носи титулата споменик на природата и е сосема безбедно за посета. Зборувајќи за пирати – вреди да се напомене дека денес постои опција да се видат островот и плажата со брод (особено за оние кои можеби не сакаат пешачење и долги прошетки). Се разбира, во мирен и пријателски тон, со само една асоцијација на пирати – многу рум.