Ретко кој знае дека вака ПРАВИЛНО се варат јајца: Готвач покажа ГЕНИЈАЛЕН трик, потребни ви се само ДВЕ МИНУТИ

popara26 септември, 20221min00
37403_kuvana-jaja_f

Домаќинките полудеа по овој трик

Пол Фостер, британскиот готвач и добитник на познатата Мишелин ѕвезда, најголемата и највредната награда во кулинарскиот свет, на социјалната мрежа „TikTok“ ја откри својата тајна за совршено подготвено јајце.

Тој со своите следбеници ги сподели деталните чекори за тоа како до совршено поширано јајце.

Многу луѓе користат оцет кога пошираат јајце, а Фостер вели дека воопшто не треба да го правите тоа. Се што ви треба е тенџере, вода, свежо јајце, малку сол, цедалка и малку вештина.

Првото нешто што треба да направите е да го скршите јајцето во цедалка, а потоа да додадете сол во зовриената вода и нежно да го спуштите јајцето. Фостер препорачува да се готви околу две минути, а во зависност од тоа дали сакате потврдо или поровко, може да го зголемите или намалите тоа време. Не заборавајте да погледнете одвреме-навреме за да видите како изгледа.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Кога ќе истече времето за варење, извадете го јајцето од водата и никогаш не го ставајте веднаш на чинија, препорачува Фостер. Наместо тоа, ставете го на хартиена крпа за да ја впие целата вода. На крајот додадете малку бибер, а со јајцето можете да додадете и други состојки по желба. Без разлика дали тоа ќе биде сланина, виршли или парчиња авокадо, изборот е ваш.

На овој начин ќе добиете совршено поширано јајце, неверојатно меко и несомнено вкусно. Импресионирајте го партнерот и децата со вашите кулинарски вештини!