
Состојки:
- 3 чаши масло
- 3 чаши кисело млеко
- 2 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 2 прашоци за пециво
- 4 чаши шеќер
- брашно по потреба
Подготовка:
- Соединете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, млекото, маслото и измешајте да добиете фина смеса. Потоа додадете брашно и прашок за пециво.
- Додадете брашно колку што е потребно за смесата да биде мазна, ниту премногу густа, ниту многу бистра.
- Обликувајте топчиња и ставете ги во намрсена тава. На секоја гурабија можете да ставите коцка шеќер, бидејќи тоа се вистински, старински гурабии.
- Се печат на температура од 200 степени додека малку не поруменат, околу 40 минути.