Рецепт за љубов која ќе трае вечно: секоја недела по една кавга!

19 јануари, 20220
Screenshot_9

Дали често се расправате? А најмногу за ситници? Одлично!

 

Американските научници анкетирале парови и откриле дека повеќе од 40 отсто веруваат дека една кавга неделно е здрава за нивната врска бидејќи ја освежува комуникацијата. Научниците веднаш додадоа дека тоа не значи дека треба постојано да започнувате расправија или, ако не сте, не мора да станувате ситничар.

 

Сосема е нормално дека двајца луѓе, макар и лудо да се сакале, не се согласуваат баш за сѐ. Ако се договорат за сѐ, тоа значи дека некој лаже затоа што тоа е речиси невозможно. Кавгите се здрави бидејќи се показател дека и двајцата сте искрени и не се плашите да се соочите со партнерот. Луѓето кои избегнуваат конфликт по некое време би можеле да експлодираат, односно да предизвикаат голема кавга и за најмал детал.

 

Сè додека се расправате, тоа значи дека ви значи. Во ред, има кавги од навика, но кавгата е главно знак дека сте вознемирени и дека нешто не е во ред. А ако партнерот одговори, тоа значи дека и тој се грижи и сака да го реши проблемот. Секако, не се препорачува врескање, фрлање чаши и слично! Разговарајте, разговарајте…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi