Руски лекар предупредува: ЖЕЛБАТА за КИСЕЛИ КРАСТАВИЦИ може да укаже на огромен ЗДРАВСТВЕН проблем

popara3 декември, 20221min00
34326_shutterstock-2030746400_f

Експертите тврдат дека е доволно само да го слушате вашето тело и со време ќе видите дека ви треба помош.

Кога посакувате одредена храна, тоа обично значи дека нешто недостасува во вашето тело. Силната потреба за кисели краставички обично е поврзана со бременоста, но што значи ако копнеете за кисели краставички, а не сте бремени. Лекарите тврдат дека тоа може да укажува на дехидратација на телото.

Киселите краставици содржат многу натриум, кој е важен електролит и помага во одржувањето на телото хидрирано. Ова е причината поради која се јавува потреба од солена храна, а проблемот е што, како што покажуваат истражувањата, се јавува зависност од оваа храна, затоа никогаш не јадеме само една краставичка или еден чипс.

Заморот и бавниот метаболизам се првите симптоми на дехидратација. Исто така забрзаното чукање на срцето, но и грчеви во мускулите. Па, рускиот нефролог Иван Литвинов предупредува дека не е во ред да се внесува премногу вода во организмот, бидејќи ги оштетува бубрезите.

– Ако пиете премногу вода во текот на денот, тоа предизвикува неподносливо оптоварување на бубрезите. Тие едноставно немаат време сето тоа да го обработат. Ова е особено опасно за луѓето со проблеми со бубрезите, хипертензија и кардиоваскуларни заболувања. Нивниот волумен на циркулирачка крв се зголемува,се зголемува хиперволемијата (зголемен волумен на крв). Тоа на крајот може да доведе до влошување на хроничните болести – објаснува докторот и советува дека кога ќе изразиме желба, добро е да изедеме мала кисела краставичка која ќе направи да бидеме помалку жедни.