Сакате ВРСКА за една ноќ? Пред да се ВПУШТИТЕ во тоа, прво одговорете на овие прашања

30 јуни, 20220
21732_shutterstock-680991538_f

За некои, сепак, ова не е најдобриот избор

Кога станува збор за сексот на една вечер, мислењата се поделени. Некои глорифицираат, а други судат за таков однос, но тоа е прашање на личен избор.

Сепак, пред да одлучите да навлезете во нешто такво, многу е важно да одговорите на овие прашања.

Зошто?

Без оглед на сексуалната активност во која планирате да се вклучите, а тоа вклучува и односи за една ноќ, исклучително е важно прво да се уверите дека тоа е нешто што навистина го сакате. Ако се прашувате зошто би имале секс за една вечер, одговорот треба да биде: Затоа што и вие и вашиот партнер навистина го сакате тоа.

Дали сте во врска?

Ако сакате да избегнете дополнителни компликации и драми, ова прашање мора да го поставите на личноста која не ја познавате. Ова важи и за мажите. Не ви треба личност која е зафатена и има обврска кон некого. Без разлика што не ја почитувате другата половина на таа личност, почитувајте се себе си и сами себе бидете си најважни.

Дали фантазирате за врска?

Доколку сакате врска, сексот за една ноќ не е најдоброто решение за вас. Немојте да имате нереални очекувања дека контактот ќе продолжи, бидејќи постојат големи шанси личноста со која сте имале секс за една вечер, после него, всушност само да замине. Целта на ваквиот контакт е задоволување на сексуалните потреби, затоа не очекувајте после тоа да живеете бајка со таа личност.

Можност за врска

Сексот за една ноќ понекогаш прераснува во нешто повеќе. Над 25% од неформалните средби водат до градење на долгорочни врски иако се започнати со идеја чија цел е целосно спротивна на дефиницијата за врска.

Земете ги во предвид и чувствата на другите луѓе

Колку и да ви е лесно да одлучите да имате секс за една вечер, треба да ги земете предвид и чувствата на другите. Ова е особено важно во ситуации кога е вклучен алкохол. Доколку во кое било време стекнете впечаток дека искористувате друга личност, најдобро би било да се воздржите од каков било сексуален контакт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi