
Нека не ве лаже името на ова слатко, бидејќи не е класична салама, туку од чоколада, бисквити и лешници. Се прави без печење за само десет минути, уживајте!
Состојки:
- 250 гр чоколадо за готвење
- 250 гр бисквити
- 100 гр путер
- 150 гр шеќер
- три поголеми јајца
- две лажици рум
- две лажици какао во прав
- 200 гр лешници
- две лажици шеќер во прав
Подготовка:
Чоколадото растопете го на пареа, а со раце искршете ги бисквитите на парчиња. Путерот со шеќерот се мати со миксер, па се додаваат јајцата едно по едно, непрекинато матење. Потоа додадете рум. Измешајте го какаото во чоколадото, а потоа соединете ја добиената смеса со смесата од жолчки. На крајот измешајте ги лешниците и бисквитите, соединете ги, па изладете ги во фрижидер дваесетина минути. Потоа со раце формирајте ја саламата, поросете ја со шеќер во прав и послужете.