
Сара Џесика Паркер е видена на снимањето на втората сезона на „Сексот и градот“
Актерката снима на улиците на Њујорк, а носи фустан во каков сме навикнати да ја гледаме. Ликот на Сара е познат по нејзиниот одличен вкус за мода, а секој кој ја следел серијата знае колку ја сака бојата. Така, таа носи розов краток фустан со долги ракави. И остатокот од нејзиниот стајлинг е во слични нијанси, со неизоставните високи потпетици.
Препознатливите брановидни русокоси прамени на Сара се собрани во висока пунџа, додека на лицето има минимална шминка.

Првата сезона од продолжението на серијата беше снимена речиси 20 години по завршувањето на емитувањето во 2004 година. Предизвика различни критики, додека некои беа воодшевени, други не ја засакаа серијата.
На педесет и седумгодишната актерка и се придружи згодниот актер Иван Хернандез, за кој можеме да претпоставиме дека ќе го дели кадарот со убавата Сара.
