
Есента е тука, а покрај тоа што ќе уживаме во нејзиниот раскош на отворено, можеме да ги внесеме есенските мириси и во нашиот дом.
Сетилото за мирис е поврзано со нашите сеќавања и чувства. Во само еден момент мирисот што го мирисаме може да ни ги разбуди емоциите, да ни врати спомени од минатото, но и да направи да се чувствуваме подобро.
Не потсетуваат на одреден момент, чувство, личност, време. Доаѓањето на есента асоцира на спомени од тоа дека сте со саканата личност во топлината на вашиот дом, па сега е вистинското време да го направите вашиот дом оаза на миризлива есен.
Еве како можете да го направите тоа денес.
1. Шишарки со мирис
Шишарките се бесплатна декорација која внесува допир на елеганција и природа во домот, а за да мирисаат уште повеќе на есен, на секое додајте по една капка есенцијално масло од цимет. Таквите миризливи може да се прикажат во стаклен сад или на метален послужавник.

2. Печете пита со јаболка
Ништо не вели „есен“ како домашна пита со јаболка. Сега кога сезоната на јаболкото е околу нас, посветете една вечер на пробување рецепти и освежете ги спомените од детството кога цела куќа мирисаше на питата на баба.

3. Испечете цели јаболка со ореви
Доколку не сте љубител на пита со јаболка, посегнете по друга идеја – издлабете ја внатрешноста на јаболката и во неа ставете мешавина од цимет, мед, ореви и малку сок од лимон. Откако ќе се испечат за 20 минути цел дом ќе мириса на есен.

4. Исушете овошје, билки и зачини
Иако потпури е достапна во речиси сите продавници за домашни украси со години, домашната сепак има своја уникатност. Можете сами да ги контролирате состојките, да бидете сигурни дека се свежи и да направите своја комбинација. На пример, суви лимони, портокали, билки, додадете малку лешници и ореви.

5. Направете венец
Од останатиот дел од сувите лимони и портокали можете да направите венец кој ќе мириса со недели. Едноставно нанижете ги наизменично парчињата лимон и портокал на конецот, додека не сте задоволни со големината на венецот што ви треба. Ставете го на видливо место со добар проток на воздух.

6. Запалете миризливи свеќи
Свеќите создаваат посебна атмосфера во секој дом, а ако се миризливи, со есенски мириси како тиква и цимет, приказната е уште покомплетна. Но, ако имате деца или домашни миленици, бидете внимателни. Во тој случај посегнете по етерични масла.

7. Етерично масло на изворот на топлина
Започнува грејната сезона, а наједноставниот начин да користите шпорети или радијатори за ширење на мирис низ домот е да нанесете неколку капки есенцијални масла, како тиква, цимет, кафе и други по ваш избор, на нивната површина. Така, кога ќе се вклучи радијаторот или шпоретот, целиот дом ќе мириса.
