Секс трендови кои ќе бидат хит во 2022 година

6 јануари, 20220
Screenshot_5

Кога станува збор за водењето љубов, многу е важно да бидете опуштени и да го правите тоа што го сакате. Препуштете се на малку романтика покрај омилената музика или доколку сакате погруб секс може да пробате нови секс играчки, врзување и слично.

 

Повеќето парови во некој момент доживуваат досада и монотонија во сексот. Но, со малку труд лесно може да излезете од таа ситуација. Сè што е потребно е малку да ја промените рутината и пробате нешто ново.

 

  1. БДСМ

 

Многу луѓе сакаат да ја истражуваат својата сексуалност, а некои најмногу уживаат во тоа што другите го сметаат за перверзни игри. Некои луѓе сакаат да бидат доминантни, некои сакаат да бидат послушни и потчинети, а некои ги комбинираат овие улоги. БДСМ исто така вклучува садизам и мазохизам.

 

Според скорешно истражување на експерти од Ann Summers, луѓето сега пребаруваат 70 пати повеќе БДСМ содржини за разлика пред пандемијата, а пребарувањата за сексуални трендови пораснаа за 250%.

 

Ако сметате дека нешто ви недостига во спалната соба пробајте нешто ново.

 

  1. Сексуална свесност

 

Сексуалната свесност е еден клучен тренд за годината пред нас. Негативните мисли, стресот, неизвесноста и низа други проблеми оневозможуваат да уживаме во многу моменти, па и во оние кои ги минуваме со партнерот.

 

Поимот на сексуална свесност се однесува на будност во секој момент. Праксата на свесност овозможува да станете свесни, присутни и уживате во сè што се случува околу вас. Кога сте присутни во текот на сексот му покажувате на партнерот дека го слушате, дека сте фокусирани и дека ништо друго не постои во тој момент.

 

  1. Музичко експериментирање

 

Веројатно сите барем еднаш сте се препуштиле на секс со некоја музика во позадина, но дали знаете дека токму тоа има моќ да го подобри сексуалното уживање?

 

Бројни студии утврдија дека музиката влијае на расположението така што го зголемува нивото на допамин, па така и ја оживува желбата за секс, а влијае и на оргазмот. Песните можат да ве подобар и да ги поттикнат сексуалните нагони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi