Се знае каде и кога ќе биде погребана кралицата Елизабета

15 септември, 20220
1662713581-h_53588060-1024x688

Британската кралица Елизабета Втора ќе биде погребана во понеделник во 19:30 часот по локално време на приватна церемонија во капелата во замокот Виндзор, во западното предградие на Лондон, по државниот погреб во утринските часови, објави попладнево Бакингемската палата.

 

 

 

Во петок навечер, исто така во 19:30 часот по локално време (20.30 часот по средноевропско време), нејзините деца, вклучувајќи го и новиот крал Чарлс Трети, ќе се соберат на уште едно бдеење покрај нејзиниот ковчег кој е изложен во Вестминстерската палата во Лондон.

 

Кралицата почина на 8 септември на 96-годишна возраст во Шкотска. Таа владееше повеќе од 70 години.

 

Државниот погреб, прв по смртта на Винстон Черчил во 1965 година, ќе се одржи во 11 часот по локално време (12 часот по средноевропско време) во Вестминстерската опатија во присуство на 2.000 гости, вклучително и стотици странски достоинственици и членови на кралското семејство.

 

Ќе присуствуваат и 200 лица кои кралицата ги одликуваше во јуни годинава, пред сè здравствени работници ангажирани во пандемијата на COVID-19, соопштија од кабинетот на премиерот.

 

Ковчегот потоа ќе биде пренесен во капелата во замокот Виндзор.

 

Мисата ќе се одржи во 16 часот (17 часот по средноевропско време) во присуство на повеќе од 800 луѓе, а самиот погреб е резервиран за најблиското семејство, без фотографи и камери.

 

Кралицата ќе биде погребана во капелата на кралот Џорџ Шести, каде што почиваат татко ѝ и мајка ѝ, како и пепелта на сестра ѝ принцезата Маргарет.

 

Таму ќе биде пренесен и ковчегот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој сега се наоѓа во кралската гробница.

 

Чарлс Трети в недела ќе одржи прием за шефовите на држави кои пристигнаа на погребот на кралицата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi