СЕ ПЛАШЕЛ ОД НЕЈЗИНИОТ ТАТКО: Принцот Вилијам прекршил кралска традиција кога ја запросувал Кејт Мидлтон

16 јануари, 20220
Screenshot 2022-01-16 020955

Кејт Мидлтон денес изгледа како да е родена за улогата на кралица, а нејзиното патување до тронот започна пред 11 години кога принцот Вилијам после речиси 10 години врска конечно се осмели да ја запроси.

Запросувањето се случило за време на нивното романтично патување во Кенија додека престојувале во колиба покрај езерото Рутунду.

Кејт подоцна го опиша запросувањето како „многу романтичен“ момент, а во нејзината книга со впечатоци за колибата напиша дека во неа поминале „прекрасни 24 часа“.

Но, се чини дека Вилијам, кој за разлика од неговиот брат Хари, не е склон да им пркоси на правилата, тогаш прескокна еден чекор и со тоа ја прекина долгата традиција на кралското семејство. Имено, пред да клекне пред Кејт, тој не побарал дозвола од нејзиниот татко Мајк Мидлтон.

Тој го призна ова за време на свршувачкото интервју што тој и Кејт му го дадоа на новинарот Том Бредби и објасни дека се плаши што ќе каже неговиот иден свекор.

„Бев растргнат помеѓу тоа прво да го прашам нејзиниот татко и да сфатам дека тој всушност може да каже не“, призна Вилијам.

Princ William i Kate Middleton zaručili su se 2010.

„Тогаш мислев дека ако прво ја прашам Кејт, тој повеќе нема да може да одбие, па така и направив. Сепак, успеав да разговарам со Мајк набргу откако тоа се случи“, рекол принцот.

Кејт, се разбира, рече да, а нејзиниот татко беше повеќе од подготвен да им даде благослов.

После тоа, парот извесно време ја чуваше својата свршувачка во тајност, а дури по неколку недели за тоа ги известија кралицата Елизабета, принцот Чарлс и принцот Хари.

Свршувачката беше официјално објавена на 16 ноември 2010 година, а Кејт тогаш имаше прстен на раката што некогаш и припаѓаше на мајката на Вилијам, принцезата Дијана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi