Се појавија фотографии од снимањето на филмот за Витни Хјустон: Легендарната пејачка ја игра глумица од „Star Wars“

popara16 август, 20221min00
naomi-ackie01-830x0

Филмот за Витни Хјустон кој се вика „I Wanna Dance With Somebody“ почна да се снима во Лос Анџелес, а првите фотографии се веќе достапни за јавноста. Легендарната пејачка ја игра британската убавица Наоми Аки, која своевремено го толкуваше ликот на Џејн во филмот „Star Wars: The Rise of Skywalker“ од 2019 година.

На снимањето, актерката неодоливо личеше на Витни Хјустон, а кадрите (кои можете да ги видите на фотографијата) не враќаат во раните осумдесетти години, кога пејачката си го „поплочуваше“ патот до популарноста.

https://xdn.tf.rs/2022/08/15/naomi-ackie02-830x0.jpg

Наоми Аки сними сцена како јаде помфрит додека седи во кабриолет на Порше облечена во костим кој неверојатно потсетува на таа ера, пишува „Дејли мејл“.

Откако минатата година ја освои улогата на Витни Хјустон, таа ги увери фановите дека ќе ја оправда довербата што и е дадена.

-Ќе дадам се од себе затоа што таа жена ми праќа морници колку што ми значи…. Ќе направам се за да биде соодветно претставена – изјавила Наоми Аки за „Entertainment Tonight“ и додала. :

https://xdn.tf.rs/2022/08/15/naomi-ackie03-830x0.jpg

– Само сакам да ја раскажам нејзината приказна. И мислам дека ќе можам да се справам со притисокот кога ќе можам да го поедноставам – изјавила актерката.

Витн Хјустон, која важи за најнаградуваната пејачка во историјата, трагично почина од предозирање со дрога и давење на 48-годишна возраст во 2012 година.