Се појави забавена снимка од концертот на Адел: На никого не му е јасно како исчезнала од сцената
24 ноември, 20220
Настапот на пејачката Адел во Лас Вегас го привлече вниманието на јавноста. Не поради пеењето, туку заради сосема поинаква ситуација.
Адел го завршила концертот, стоела на сцената и одеднаш почнале да паѓаат розови конфети.
А потоа во последниот момент од шоуто пејачката исчезнала од сцената. И никому не му е јасно како го извела тоа.
„Каде исчезна?“, „Како?“, беа дел од коментарите на Твитер.
Еден корисник на Твитер мисли дека тоа е холограм.
„Се колнам дека холограмот е како ABBA“, пишува корисник на социјалната мрежа.
Видете и самите:
That slow motion of @Adele magically disappearing at the end of her show though…🤯 pic.twitter.com/KZ0sH1KEP3
— Adele Now (@AdeleNowuk) November 21, 2022