
Експерти од Светската здравствена организација денеска препорачаа намалување на дозата на вакцината Fizer/Biontech за деца на возраст од 5 до 11 години.
Препораката дојде откако Стратешката советодавна група на експерти (SAGE) за имунизација одржа денеска состанок за евалуација на вакцината.
Препорачаната доза за помладата популација е 10 микрограми, наместо 30 микрограми што ги добиваат децата на возраст од 12 до 17 години, објави Ројтерс.
Експертите, исто така, препорачаа засилувачките дози да се примаат четири до шест месеци по првите две дози, кај здравствените работници и кај луѓето со зголемен ризик да заболат од Ковид поради работата што ја работат.