
Скриените емоции наоѓаат начин да излезат на површина.
Почетокот на врската може да биде лизгав, бидејќи никогаш не знаете каков чекор да преземете за да го привлечете вашиот нов партнер уште повеќе.
Исто така, многу луѓе, особено мажите, се многу внимателни за тоа како се однесуваат на почетокот на врската, за да не изгледаат премногу агресивно или наметливо.
Мажите се познати и по тоа што тешко ги изразуваат своите емоции, па нема да ви биде лесно да разберете како тој се чувствува за вас и дали можеби е заљубен.
Сепак, емоциите секогаш наоѓаат начин да излезат на виделина, па лесно можете да сфатите како тој се чувствува за вас, ако само обрнете внимание. Кога е заљубен, мажот често ги кажува овие работи.
- Зборувај ми за себе
Да ви поставува прашања за вашите интереси, пријатели, семејство, хоби и внимателно слуша додека му кажувате за сето тоа, не е само љубопитност или култура.
- Уживам во времето што го поминувам со тебе
Кога мажот ужива во вашето друштво, тоа лесно ќе го видите со неговата опуштеност и обидите да ви го направи убаво тоа време и вам. Често ќе ви зборува дека му недостигате.
- Сакам кога се смееш
Ако ви го каже ова, а притоа постојано се труди да ве насмее, дефинитивно е заљубен во вас. Да не беше, немаше да му биде толку важно да уживате со него.
- Ми треба твој совет/помош
Експертите веруваат дека ова е еден вид психолошки потег за привлекување внимание. Со овие зборови мажот покажува дека навистина се грижи за вашето мислење, дека ве смета за паметна личност и дека ве цени.
- Изгледаш преубаво
Комплиментите се јасен знак дека навистина му се допаѓате. Ако покрај вашата убавина ја истакне вашата интелигенција или шарм, дефинитивно е заљубен.