Синиот канал кој ги запали мрежите: Популарно место каде што пливањето не е добра идеја

popara17 јуни, 20221min00
62136546

Интересот на туристите за посета уште повеќе се зголеми во последните неколку години откако се појави синиот канал во областа.

Солената пустина Боневил во северозападна Јута, САД, е хит меѓу туристите долги години. Тоа е неверојатна област покрај Големото Солено Езеро – најголемото природно солено езеро на западната хемисфера и едно од најсолените во светот.

Интересот на туристите за посета уште повеќе порасна во последната година откако на интернет се појавија фотографии од синиот канал. Неодоливата боја на водата во каналот за разлика од белата средина создава пријатна композиција која многумина решиле да ја фотографираат и објават на своите социјални мрежи.

Иако истражувањето на необични и скриени места е омилена активност на светските патници, сепак е важно да се следат правилата на локалното население.

62136547
62136545
62136548
62136546 (1)

Синиот канал е делумно на приватен имот – насекаде има знаци за забрана – и не треба да се посетува без претходно одобрение од сопственикот. Дополнително, треба да се знае дека каналот не е природна појава, туку вештачка креација направена за индустриски цели.

Имено, локалната компанија „Intrepid Potash“ го користи каналот како одводен ров во процесот на вадење минерали. Иако водата не е отровна, не е наменета за капење. Исто така, локалните власти предупредуваат дека некои делови од синиот канал може да бидат нестабилни и да пропаднат.

Да се ​​задржувате овде не е добра идеја, дури и по цена да се направи совршена фотографија за Инстаграм. Локалните полицајци почнаа да пишуваат казни за да ги спречат љубопитните луѓе да стигнат до синиот канал.

Најдобро е да уживате во неговата убавина од безбедно растојание – преку нашата фотогалерија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag