Синот на Кајли Џенер сѐ уште нема име, иако наполни седум месеци: „Чекаме да порасне и да си даде име сам“

5 октомври, 20220
Screenshot_12

Кајли Џенер ја потсети јавноста дека нејзиниот седуммесечен син сѐ уште нема име.

 

 

 

Момчето се родило во февруари, а иако Кајли и нејзиното момче Тревис Скот имале намера да го именуваат Волф, но тие брзо се предомислиле. Поминаа седум месеци од неговото раѓање, а нивното второ дете допрва треба да се именува. За време на втората сезона на реалното шоу Кардашијан, Кајли се отвори за името на нејзиниот син и откри дека неговото легално име е сепак Волф Вебстер, иако сакала да го промени.

 

Како што откри таа, почувствувала притисок за да го именува бебето и се согласила на Волф, име кое ѝ го предложила нејзината сестра Клои претходниот ден. Името на почетокот ѝ се допаднало, но како што одминувало времето сѐ помалку ѝ се чинело дека го избрала вистинското име. Сега таа објасни зошто се уште не е законски сменето името и зошто не ѝ открива на јавноста какво име би можеле да му дадат на момчето.

 

„Навистина немавме име. Мислев дека ќе ни падне на памет кога ќе го видиме. Но, не“, рече Кајли, додавајќи дека го именувала Волф кога морала да го потпише изводот на родени бидејќи „чувствувала притисок“.

 

„Го нарековме Волф и веднаш откако го потпишав изводот на родените, си помислив: Што направив?“ рече таа и откри дека Тревис постојано размислувал за името.

 

„Тревис веќе го смени името неколку пати. Му се допаѓа, а потоа утре сака повторно да го смени. А јас реков: Не можеме да го правиме ова повторно“, рече таа и се пошегува дека сега го чекаат „малиот еден да порасне и да си даде име.“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi