Синот (10) на Бен Афлек го удрил неговиот автомобил: Скапоценото Ламборџини го удрил во паркирано BMW

popara28 јуни, 20221min00
tan2021-9-101548333503-830x0

Десетгодишниот син на славниот актер Бен Афлек, Семјуел, деновиве му зададе голема главоболка на својот татко кога го удри неговиот автомобил во паркирано BMW.

Имено, малиот Семјуел иако има само 10 години се обидел да го вози ламборџинито на татко му, а потоа удрил во автомобилот кој бил паркиран зад него.

Според странските медиуми, Семјуел отишол со својот татко и неговата свршеница Џенифер Лопез да купи луксузни автомобили, а во еден момент Афлек му дозволил на детето да седне на возачкото седиште додека моторот на неговото жолто Ламборџини бил вклучен.

Момчето потоа во еден момент „префрлило“ на рикверц, а автомобилот потоа го допрел предниот дел на белото БМВ кое било паркирано зад него. Семјуел бил на возачкото седиште со отворена врата, додека неговиот татко Афлек бил помеѓу вратата и возачкото седиште.

По контакт со друго возило, Афлек отишол да види што точно се случило, а од автомобилот излегол и неговиот син. Кога утврдиле дека штетата не е страшна, актерот го гушнал синот, додека Џенифер го држела за рака и си заминале.

Од ПР тимот на познатиот актер за TMZ изјавија дека нема штета, и дека двете страни се задоволни и дека нема никакви проблеми.