
Пејачката Ријана на почетокот на февруари се израдувала и ги изненадила сите со тоа што објавила дека е бремена.
Пејачката вели дека и самата била изненадена кога дознала за бременоста
– Помислив „Ова не е реално, нели? – раскажала Ријана за странските медиуми.
Ријана и нејзиниот партнер Асап Роки долго време ја чувале во тајност веста за бременоста, како од јавноста, така и од најблиските и покрај гласините дека таа чека бебе.
Пејачката за време на нејзиното неодамнешно појавување на црвениот тепих открила дека и било тешко се да чува во тајност бидејќи секогаш е блиска со пријателите.
– Потешко ми беше тешко тоа да го сокријам од најблиските, бидејќи тие се околу мене, ги знаат моите навики – објаснува таа.
Открила дека нејзините пријатели постојано ја прашувале: „Не сакаш нешто да пиеш?“
-Знаат дека не сакам слатки и наеднаш барам колачиња и крофни. Но, на крајот морав да им кажам и сите беа шокирани, се разбира, исто како што беше шокиран и светот – изјавила Ријана.