Сите жени на светот ПОЛУДЕА по ова МАСЛО ЗА СОНЧАЊЕ: Има висок SPF, а дава вистински чоколаден тен!

popara25 јуни, 20221min00
341351_shutterstock-1084243775_ff

Многу жени трошат големи суми пари на скапи производи кои можат да помогнат да се заштити нивната кожа од непријатните последици што може да ги предизвика сончањето.

Сепак, докажано е дека многу креми содржат хемикалии кои можат лошо да влијаат на здравјето на кожата, па затоа е секогаш добро да барате алтернатива за таквите производи.

Не е невообичаено жените да користат маслиново масло за сончање и корисно е за кожата, но не ја заштитува доволно од УВ зраците. Ако се намачкате со него, постои голема веројатност да изгорите, а тоа никој не го сака.

Освен маслиновото масло, има и други масла, а најдоброто меѓу нив е она за кое само малкумина слушнале – маслото од семки од малина.

Маслото од малина е идеално за летните месеци бидејќи содржи заштитен фактор, додека во зима е неизбежно во негата на кожата бидејќи ја храни и хидрира. Масло од семки од малина – штити од сонце, ветер и студ.

Благодарение на својот состав, ова масло има корисен ефект врз егземата и другите воспалителни заболувања на кожата. Маслото е со темно жолта до кафена боја што укажува на содржината на каротеноиди кои имаат антиоксидантни својства.

Маслото од семки од малина има највисока природна концентрација на гама-токоферол во слободна форма, што го спречува оштетувањето на кожата предизвикано од УВ зраците. Богат е со цел спектар на вредни масни киселини, од кои ги издвојуваме омега-3 и омега-6 масните киселини.

Ulje koštica maline

Ова масло содржи и високи концентрации на витамин Е (алфа и гама токофероли) и витамин А.

Обезбедува заштита од целиот УВ спектар на сончево зрачење (UV-A, B и C) со моќност споредлива со титаниум диоксид, која изразена во заштитен фактор (SPF) е од 28 до 50. Поради содржината на фосфолипиди е многу стабилен и не се расипува доколку се чува на соодветни температури.

Фосфолипидите делуваат како природен антиоксиданс. Ова масло е погодно за третман на стрии, егзема, дерматитис и други воспалителни состојби. Може да се додаде и во пакувања за сува и проретчена коса бидејќи го храни скалпот и и дава мекост на косата.

Екстрактот од семки од малина помага да се заштити телото од вируси.