
Младата холивудска ѕвезда Зендаја не престанува да ја изненадува јавноста со своите атрактивни изданија
По доделувањето на „Оскарите“ каде што доби многу симпатии од јавноста, како и по многу други појавувања каде изгледаше крајно екстравагантно, таа со својот физички изглед успеа неколку пати да ги подели мислењата на своите обожаватели.
Имено, таа научно-фантастична принцеза од филмот „Дина“ се прошета на црвениот тепих на афтер-забавата по лондонската премиера на тој филм во многу смело издание, а токму тој фустан сега неколку модни магазини во САД го избраа како еден од најкреативните модели на вечерни фустани досега.

Облечена во проѕирен фустан со шлиц до бутовите, креиран од Ненси Дојака, Зендаја ја остави публиката без здив. Своето воодушевување од својот стајлинг и начинот на кој ја претстави необичната креација, дизајнерката го сподели и на својот Инстаграм профил, но многумина истакнаа дека младата актерка „можеби претерала со откривањето на своето тело“.
– Чекам уште слики, но не можев. Многу сум возбудена за овој момент. Ти благодарам Зендаја што го направи овој фустан уште поубав – напиша Дојака.
Интересно е што момчето на Зендаја, Том Холанд, се најде во центарот на вниманието на јавноста веднаш откако го коментираше стајлингот на својата девојка. Тој остави специфични емотикони под фотографијата на која таа се појави во необичен асиметричен бел фустан и на американската јавност ѝ беше јасно – тој го украл срцето на младата актерка.
Од друга страна, таа минатата година во едно интервју зборуваше пофално за Том, но пропушти да го нарече партнер. Сепак, таа го карактеризираше како суперхерој и некој кој е голем перфекционист во животот.
– Да, времето е забавно со него. Тој е многу харизматичен и може да направи сите да се чувствуваат удобно во негово друштво и убаво да се насмееше и разговараш со него – истакна тогаш Зендаја, која буквално преку ноќ се приклучи на групата најплатени млади актерки во Холивуд.