Совршено бегство: Мал остров до кој може да стигнете само за време на осека

popara26 ноември, 20221min00
61697514-llandwyn (1)

Llandwyn или Llanddwyn е мал остров кој нуди совршено бегство во мирот и синилото на прекрасните песочни заливи и вулканските карпи. Птиците, делфините, фоките, па дури и дивите велшки понија кои пасат на ливадите се единствените жители на островот. Поради незаборавната комбинација на флора и фауна, се смета за еден од најубавите во Европа.

Од Северен Велс, можете лесно да најдете брод за патување до овој скриен скапоцен камен, а исто така тргнуваат од Честер, Ливерпул или Манчестер, ако не ви пречи да одвоите по два часа во секој правец.

Островчето е поврзано со островот Англеси, до кој може да се стигне пеш по една од неколкуте патеки низ шумата или покрај плажата. Важно е да се има предвид дека до островчето најчесто се стигнува пеш. Кога морето се издига, посетителите може да бидат отсечени околу два часа, поради што треба внимателно да го проверите распоредот на плимата.

Поради својата карактеристична положба, тој е изложен на силни ветрови и бури кои доаѓаат од морето, а бидејќи нема место каде посетителите можат да се засолнат, неопходно е да се провери временската прогноза пред поаѓање.

Плажата Њуборо, која се протега низ островот Англеси и продолжува до Ландвин, е една од најубавите во Велс, а вреди да се погледне камениот келтски крст со поглед на осамениот светилник и остатоците од средновековната црква.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma