По обилниот (и веројатно многу калоричен) празничен оброк, вистинско време е за кратка пауза кога станува збор за слатки. На многу домаќинки им здодеа и подготвувањето на омилените специјалитети, но за оние кои сакаат да поминат малку време во кујната – некои рецепти нема да им бидат тешки!
Доколку не сакате да поминувате часови за правење колачи, најдобро е да се посветите на оние рецепти кои се „сматуваат“ за час, а сите ги сакаат и се одличен избор за ненајавени гости.
Еден од нив е оваа торта со лимон.
Состојки:
сок од лимон
рендана кора од два лимона
200 мл масло
2 јајца
150 гр шеќер
еден ванилин шеќер
2 чаши јогурт
210 гр брашно
прашок за пециво
прстофат сол
Подготовка:
Едноставно измешајте ги сите подготвени состојки во еден поголем сад со миксер. Кога се убаво ќе се соедини, истурете го тестото во калапот (подмачкан и набрашнет).
Колачот се пече на температура од 16o до 180 степени околу педесет минути. Проверете со чепкалка дали колачот е готов, а тоа е кога чепкалката е чиста и „излезе“ од колачот.
По желба украсете ја тортата со шеќер во прав или рендана кора од лимон…