Солено исто како Јадранот: Езерото Пачир има лековити дејства – Лекува реума и кожни заболувања

8 август, 20220
18625_shutterstock-1783838684-1_f

Селото Пачир или Пачирска бања, како што го нарекуваат поради лековитата термална вода, е вистинска туристичка атракција во Србија.

Недалеку од Бачка Топола и Суботица се наоѓа бањата Пачирска, оаза на мирот и убавината и уникатното капење во специфична боја на термална вода, кое нема да го најдете во цела Европа.

Тајната на розовата боја е всушност последица на високата концентрација на јод, литиум и бром, поради што водата има необичен мирис, но е „отпорна“ на несакани бактерии. Оваа лековита вода помага за зачувување на здравјето, особено за подобрување на имунолошкиот систем. Пливањето во езерото придонесува за лекување на кожни болести, ревматизам и спортски повреди. Сепак, не се препорачува да се остане во вода подолго од 20 до 30 минути одеднаш.

Она што треба да го знаете, доколку сакате да уживате во пливањето во розовото езеро, е дека тоа е розово само во летните месеци. На крајот на сезоната, езерото е целосно исцедено и исчистено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi