Ако го сакате најдоброто за вашата кожа, ви предложуваме да направите домашен тоник за чистење на лицето. Сè што ви е потребно го имате во вашата кујна.
Зелениот чај е популарен бидејќи помага при слабеење, но доколку го користите како тоник ќе ви помогне и против умор.
Потребни состојки:
- 200 мл вода
- 4 лажици зелен чај
- 1 лажица нане
- 1 лажица сок од лимон
Начин на подготовка:
Направете зелен и чај од нане. Оставете ги да се изладат, додајте сок од лимон, а потоа префрлете го во амбалажа со пумпа.
За да ви биде кожата хидрирана, неопходно е да спиете и да пиете многу вода.