Средете ги стапалата лесно и брзо од сопствениот дом: 3 рецепти за меки и нежни пети

3 мај, 20220
nega-stopala-830x0 (2)

Кожата е огледало на нашата грижа и навики. Ако е сјајна и затегната, тоа значи дека личноста внимава што јаде, вежба и се негува.

Како што се грижиме за лицето, рацете, телото, пожелно е да ги негуваме и потпетиците на кои најчесто им посветуваме најмалку внимание. Испуканите и груби потпетици никогаш не биле пријатни за гледање.

Сепак, нема жена која го нема овој проблем. За среќа, постои многу едноставно решение за тоа за кое не е потребно одење во салон за убавина.

Ви пренесуваме три рецепти како да ги поправите петите и стапалата дома, а притоа да ја одржувате кожата свиленкаста и мека. Повеќето жени веќе имаат се што им треба во домаќинството.

1. Сода бикарбона

Сода бикарбона е вистински мелем за испукани пети. Потопете ги стапалата во топла вода 10 минути. Потоа направете паста од сода бикарбона и сапун, со оваа паста добро истријте ги стапалата и петите, па измијте ги со млака вода.

Кога ќе завршите со пилинг, нанесете хидратантна крема на стапалата и облечете памучни чорапи. Вашата кожа ќе биде кадифена и мека.

2. Јаболков оцет

Јаболковиот оцет е познат по своите лековити својства и по тоа што има многу широка примена во домаќинството, но и во козметиката. За нежна кожа на пети, пробајте купка на база на овој оцет.

Легенот наполнете го до половина со млака вода, а потоа истурете во него 200 мл јаболков оцет. Потопете ги стапалата во оваа купка и држете ги додека водата не се излади.

Потоа отстранете ги стапалата и нежно изгребете ја мртвата кожа од стапалата со турпија. Нанесете малку мрсна крема или кокосово масло на стапалото и облечете памучни чорапи за целосно да го впие маслото или кремот.

Оваа купка има и терапевтски својства, бидејќи се смета дека го ревитализира целото тело. Освен што ќе ги релаксира мускулите, јаболковиот оцет ќе ве ослободи и од габични инфекции на стапалата.

3. Лимон

Нозете можете да ги поправите и дома со лимон. Земете еден поголем лимон, исцедете го и добро истријте ги петите со кората одвнатре. Потоа со чорап прицврстете ја кората на стапалото и оставете ја да отстои еден час.

После тоа, измијте ги нозете со млака вода и нанесете мрсна крема, а уште подобро кокосово масло. Носете памучни чорапи и оставете ги преку ноќ. Постапката повторувајте ја три дена, додека стапалата повторно не станат меки и нежни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi