Средствата за плакнење на уста можат да прават повеќе лошо отколку добро – особено за крвниот притисок

27 ноември, 20220
f_26916543_1280

Многу е важно да се грижите за оралната хигиена, но користењето средство за плакнење на устата можеби не е најдобрата идеја. Имено, неодамнешните истражувања покажаа дека употребата на некои средства за плакнење на устата може да предизвика зголемување на крвниот притисок.

Како е тоа можно?

Како и цревата, усната шуплина содржи комбинација од добри и лоши бактерии, а урамнотежениот орален микробиом помага во одржување на здравјето. Можете да ја нарушите таа рамнотежа со употреба на средство за плакнење уста, според истражувањето објавено во списанието „Frontiers in Cellular and Infection Microbiology“.

Добрите бактерии во усната шуплина овозможуваат конверзија на нитратите во исхраната (најчесто се наоѓаат во зеленчукот) во азотен оксид, а оваа молекула помага во одржување на здрави вредности на крвниот притисок. Проблемот е што некои средства за плакнење за уста содржат антисептичка супстанца наречена хлорхексидин, која може да ги убие бактериите во устата кои произведуваат азотен оксид. Студијата во која учествуваа 26 испитаници покажа дека употребата на вода што содржи хлорхексидин два пати на ден во текот на една недела е поврзана со значително зголемување на систолниот или т.н. горен притисок.

Добри вести

– Знаеме дека никој не може да биде добро без соодветна количина на азотен оксид во телото. Од друга страна, повеќе од 200 милиони Американци секојдневно користат антисептичко средство за плакнење на устата, кое ги уништува добрите бактерии кои помагаат во создавањето на азотен оксид. Она што некогаш се сметаше за добра навика, сè уште прави повеќе штета отколку добро – вели водачот на студијата, проф. Нејтан Брајан, додавајќи дека нивното откритие може да објасни и зошто две од три лица со висок крвен притисок не успеваат да го контролираат крвниот притисок со лекови.

Добрата вест е што научниците открија дека добрите бактерии се враќаат во усната шуплина откако ќе ја прекинат употребата на средствата за плакнење за уста со хлорхексидин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi