Стануваат сѐ послободни: Меган пред камерите направи нешто заради кое во Британија би ја нападнале

popara21 ноември, 20221min00
o_26994453_1280

Војводата и војвотката од Сасекс изненадно се појавија на „Elton John Live: Farewell from Dodger“, емитувана од стриминг платформата Disney+, за да испратат порака до „пензионираниот“ музичар.

Меган и Хари беа меѓу познатите личности кои му оддадоа почит на Сер Елтон Џон пред неговото проштално шоу, кое беше емитувано во живо од американската платформа за стриминг од стадионот Доџер во Калифорнија.

Хари и Меган се снимаа себеси во дворот на нивниот дом во Монтесито, а прва зборуваше поранешната актерка.

„Здраво Елтон, сакавме да ти честитаме и да кажеме дека сме многу горди на тебе и што можевме да те видиме на твојата проштална турнеја“, продолжи Хари.

„Ти благодарам што не забавуваше сите нас толку многу децении, ти благодарам што си пријател на мајка ми, ти благодарам што си наш пријател, ти благодарам што си пријател на нашите деца и ти благодарам што ги забавуваш луѓето ширум светот. Иако си официјално во пензија, ова нема да биде твојот последен концерт, го знаеме тоа, но те сакаме и ти честитаме на неверојатната кариера“, му кажал Хари на Елтон.

image

Иако парот претходно не се воздржуваше да покаже нежност често држејќи се за рака, сега Меган направи нешто што нема да биде позитивно оценето од јавноста во Обединетото Кралство – таа се насмевна и ја потпре главата на рамото на Хари, а тој ѝ возврати со истиот гест.

Инаку, Елтон е многу близок со кралската двојка, па дури и застана во нивна одбрана во август 2019 година, откако се соочија со бурни реакции од јавноста за користење приватен авион.

image

„Длабоко сум потресен од денешниот искривен и злонамерен извештај во печатот во врска со приватниот престој на војводата и војвотката од Сасекс во мојот дом во Ница минатата недела. Мајката на принцот Хари, Дијана, принцезата од Велс, беше една од моите најдраги пријатели. Чувствувам силна обврска да ги заштитиме Хари и неговото семејство од непотребниот медиумски упад што придонесе за прераната смрт на Дијана. За да го одржиме високото ниво на потребната заштита, им обезбедивме лет со приватен авион. И за да ја поддржиме посветеноста на принцот Хари за животната средина, се погриживме нивниот лет да биде неутрален на јаглерод“, објасни Елтон тогаш.