Ова е само уште едно во низата народни верувања
Сигурно веќе неколку пати сте си го гризнале јазикот.
И знаете колку може да боли.
Сепак, има и друга страна на приказната: верувањата велат дека кога ќе го гризнете јазикот, тоа во никој случај не е добар знак.
Имено, постојат две варијанти на ова верување.
Првото вели дека кога ќе го гризнете јазикот, тоа значи дека некој од вашата околина ве лаже за важни работи. Затоа треба добро да ги отворите очите и да внимавате кому ги доверувате вашите тајни. Друга варијанта вели дека кога човек ќе си го гризне јазикот премногу зборува, а некои работи од приватниот живот треба да ги чува за себе.
Како и да е, ова се секако само верувања, а на вас останува да процените дали треба да верувате во нив. Факт е дека единственото нешто што ќе се случи кога ќе го гризнете јазикот е дека најверојатно ќе почувствувате болка која ќе исчезне за неколку минути.