Колку пати ви се случило да ја измиете косата и по неколку часа да почувствувате дека е веќе мрсна.
Ова може да биде многу заморно, но и непријатно.
Сепак, фризерката Ејми објави интересно видео на Тик Ток кое нуди брзо и лесно решение.
Кога ќе забележите дека вашата коса почнала да се масни, таа предлага прво нежно да го масирате скалпот десет секунди.
Ејми објаснува дека на овој начин се намалува производството на себум кој е најголемиот виновник за мрсната коса.
По масажата лесно исчеткајте ја косата, а фризерката додава дека со тоа се поттикнува циркулацијата и растот на косата.
Погледнете го видеото на Ејми:
@amy.does.some.hair