Сјајна, мазна и затегната: Ефектот на СТАКЛЕНА КОЖА се постигнува со само еден препарат

10 февруари, 20220
koza-lice-hajlajter-sminka-2048x1369

Нов тренд во шминкањето

Доколку користите Инстаграм, можеби сте забележале дека меѓу многуте филтри има и еден кој и дава стаклен сјај на вашата кожа.

За среќа на многумина, беспрекорниот сјаен, мазен и затегнат изглед на вашето лице може да се постигне и надвор од виртуелниот свет.

Мазната кожа која рефлектира светлина како стакло е сон на многумина. Природата понекогаш знае да биде неправедна и да не ѝ даде доволно сјај и здрав изглед на вашата кожа, иако редовно користите производи кои се добри за неа и кои ја негуваат.

За вакви ситуации шминката е идеално решение.

Можеби мислите дека за постојано забележлив изглед, за лице кое свети како дијамант, треба да користите голема количина на хајлајтер или илуминатор, но грешите.

Според советите на професионалните шминкери, тоа не е потребно. Всушност, доволно е да се фокусирате на местото каде што го ставате хајлајтерот. Потребно е да се пронајдат соодветните точки на лицето од кои се рефлектира светлината и тие места да се нагласат со некои од споменатите препарати.

За да одредите кои се вистинските места, најдобро би било да седнете пред огледало, а пред себе да имате вештачки извор на светлина кој директно ќе ви удри во лицето. Нанесете хидратантна крема и погледнете ги местата кои „го фаќаат светлото“.

Ова се точките каде треба да нанесете хајлајтер.

Истакнете ги јагодиците само на високите точки, за да не ги нагласите брчките околу очите.

Областа околу носот исто така ќе рефлектира светлина, но не мора да ја истакнувате. Не претерувајте со брадата, бидејќи може да изгледате мрсно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi