ТАГА: Почина актерот од популарната серија, имаше само 18 години
19 јуни, 20220
Покрената е истрага
Актерот е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а причината за смртта се уште не е позната. Покрената е истрага, а резултатите од обдукцијата ќе бидат накнадно објавени.
Тајлер е најпознат по улогата на Брајан во серијата „911: Lone Star“, и во продолжението на популарната серија „The Walking Dead“.
Сандерс почнал да глуми на 10-годишна возраст, глумејќи во неколку кратки филмови. Првата голема телевизиска улога ја добил кога гостувал во проектот „Fear of walking dead“ и го играше Сем Андервуд во младоста.
Тајлер Сандерс глумеше и во детската серија „Just Add Magic“, а поради оваа улога беше номиниран за наградата Еми.