Тајната на убавината на СОФИЈА ЛОРЕН: Направете препарат од ова растение кое ги брише ПОДОЧНИЦИТЕ како од шега

1 март, 20220
profimedia-0292196720

Само една состојка е доволна за отстранување на заморот од лицето

Софија Лорен, познатата италијанска актерка, отсекогаш била икона на стилот и убавината.

И денес, во деветтата деценија од животот, нејзиното лице зрачи со посебна свежина.

Сепак, имајте на ум дека сите познати диви се, сепак, обични жени, кои имаат лоши денови и недостатоци, исто како вас.

Тие се многу склони кон одредени несовршености на лицето, особено поради нивната напорна работа и бурниот начин на живот.

Кога станува збор за подочниците и ќесите под очите предизвикани од несоница, едно растение се издвојува по благотворното дејство, а на познатата актерка токму паста направена од тоа растение, и помогнала да го задржи свежиот изглед во тешките денови на континуирано снимање.

Станува збор за паста направена од свежи листови нане.

Во блендер треба да сомелете листови од нане, чија течност ќе биде доволна за да се формира кремаста маса, која ќе ја размачкате под очите.

Кога ќе го нанесете препаратот на очните капаци, оставете го да делува 10 минути, но внимавајте да не ви влезе во очите.

Откако ќе отстои, исплакнете го со млака вода и нанесете ја хидратантната крема за лице што вообичаено ја користите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi