Тексас шорцеви и кожна јакна за кул изглед: Финската премиерка во издание во кое вообичаено не ги гледаме политичарите

popara12 јули, 20221min00
341237_sanamarinpremijerkafinske4_ff

Меѓу светските лидери има и такви кои не се придржуваат премногу до она што се очекува кога е стилот во прашање, а една од нив е најмладата премиерка на Финска, триесет и шестгодишната Сана Марин.

Имено, таа неодамна присуствуваше на музичкиот фестивал „Ruisrock“ и по тој повод привлече големо внимание и кај оние кои ја поддржуваат нејзината партија и кај опозициските поддржувачи.

Заедничко за сите и за што сите се согласуваат е дека нејзиниот стајлинг е донекаде необичен ако се има предвид позицијата што ја има во државата.

Таа била на концертот на финската пејачка Елинор, а за таа прилика облекла кратки тексас шорцеви, кожна јакна и црни чизми.

Под нејзината фотографија имаше коментари: „Толку кул“, „Легенда“, „Таа е икона, таа е легенда, таа е „тој момент“.

За оние кои не знаат, Сана е најмладата премиерка во историјата на својата земја, а на светската политичка сцена се истакна по борбата за правата на жените и родовата еднаквост.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma