Терасата на која луѓето доаѓаат за да се чувствуваат како да шетаат по море од облаци!

popara31 август, 20221min00
62368824 (1)

Ункаи или море од облаци е природен феномен кој се јавува – најчесто над морињата и езерата – под одредени метеоролошки услови. Зависи од температурата и влажноста на воздухот и правецот на ветрот, но штом тие дебели слоеви облаци ќе се појават на небото, тоа е неверојатна глетка.

Затоа не е чудно што многумина сакаат да го искусат ункаи одблиску.

Со оглед на тоа дека јапонскиот остров Хокаидо има голема површина и е опкружен со море, тој е совршено место за создавање ункаи, но и за набљудување. Најпопуларното место за уживање во морето од облаци е Ункаи терасата во Хошино ресортс Томаму во Шимукапу.

Терасата се наоѓа на 1088 метри надморска височина, до неа води жичара, а од 2006 година, кога е отворена, има повеќе од 100.000 посетители. Најдобро е да дојдете рано наутро, да пиете кафе на тераса и да уживате во спектакуларниот поглед.

Како дел од терасата на Ункаи, постојат посебни атракции како што е Cloud Walk каде, исто како што сугерира името, се чувствувате како да одите по море од облаци.

Се разбира, пред да тргнете, проверете го времето. Шансите да видите море од облаци се околу 30 до 50 проценти во периодот од средината на мај до средината на октомври.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma